Акварелен симпозиум во Карпош

Од:

Еминентни сликари акварелисти од повеќе земји од светот во наредните седум дена ќе творат уметнички дела во рамките на вториот дел од петтиот по ред Акварелен симпозиум во организација на општина Карпош што официјално ќе биде отворен денеска.

Годинава покрај еминентни македонски уметници, ќе учествуваат и сликари од Индија, Полска, Русија, Украина, Турција, Велс, Хрватска и Србија.

Тие својата инспирација ќе ја црпат освен во убавите урбани предели на општина Карпош и во пасторалните пејсажи на преубавиот Охрид.

Акаварелниот симпозиум на Карпош, ќе трае до 7 септември, а делата создадени во рамки на него, љубителите на уметноста ќе може да ги видат на изложбата што ќе биде организирана во рамки на прославата на Денот на општина Карпош. 

Би можело да ве интересира

Општина Карпош не се откажува од постапката да се изгради 12-катница кај Кино Влае

Орце Костов

(ВИДЕО) Длабока шахта, полна вода, стои отворена во парк каде си играат деца во Карпош

Стевчо Јакимовски подготвува бетонизација кај студентски дом „Гоце Делчев“: Дали вреди за три згради да ни се уништи животот, прашуваат жителите

Орце Костов

МВР со детали за вчерашната тепачка во скопската населба Карпош

Горан Наумовски

Општина Карпош во 2021 година исплатила 90.000 евра за 199 лица од приватни агенции, а требало да ангажира само 30

Орце Костов

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска