Актуелни филмски остварувања на „Астерфест 2015“

Од:

Под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“ од 27 до 31 мај во Струмица ќе се одржи 11. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Во натпреварувачката програма на кратки играни филмови „Глобална фикција“, годинава ќе има филмски приказни во кои се раскажува за судбината на човекот во современото општество, за судбината честопати предодредена на природните или општествените закони. Меѓу нив се филмот „Телефонски повик“ на оскаровецот Мет Киркби, иранскиот „Повеќе од два часа“ на Али Азгари, кој беше номиниран во Кан и во Санденс и освои над 18 награди, француско-израелската авторка Тамара Ерде, чиј филм „Дизни Рамала“ ги собра сите награди во Франција, шпанскиот „Ние сме пријатели“ на младиот Карлос Солано Перез кој беше на повеќе од 75 фестивали, како и филмот „Случајно“ на Русинот Жора Крижовников, „Пештерата“ на Ахмед Гонеими во копродукција на Македонија и Египет, како и српскиот „Даб плеј“ на Немања Лазиќ.

asterfestPoster

Во натпреварувачката програма на кратки документарни филмови „Ѕвездени документи“ се приказните на Ане Маријке Графманс, Паола Онет, италијанскиот авторски тандем Спано – Пиколо, Кирстен Гајнет руска авторка со потекло од Република Башкортостан, германската авторка Анабела Ангеловска, младиот македонски автор Перо Кованцалиев и Кристијан Јенсен од САД.

Во анимираната програма „Анимоушн“, ќе може да се погледнат полскиот „Дебелиот и слабиот“ на Александра Брожина, рускиот „Кокошката“ на Васил Бедошвили, српскиот „Приказна за крушата и зајакот“ на Драгана Купрешанин, францускиот „Сладок кожурец“ на групата ЕСМА номиниран за Оскар и холандскиот „Харинга“ на Давор Бујаковиќ и Јунаид Хундригар.

За филмовите во официјалната конкуренција ќе се доделат Златна, Сребрена и Бронзена потковица, Старозлатен проектор, како и наградите „Ѓорги Абаџиев“ за најдобро сценарио и „Ацо Алексов“ за најдобар режисер.

За програмата „Мувиленд“, се избрани неколку краткометражни филмови од главно лади турски режисери, а за овој дел ќе се додели една награда за најдобро филмско дело.

На самото отворање на фестивалот лауреатите ќе ги примат наградите за високи достигнувања во областа на филмот. Овогодишен добитник на авторското фестивалско признание „Астер“ е Киро Урдин, а Специјалната награда од Тивериополската филмска алијанса му припадна на актерот Боро Стјепановиќ.

Астер портретот и Тивериополските филмски беседи, посветени на лауреатите, традиционално ќе се одржат во дворот на манастирот во Велјуса. Во нивна чест ќе се прикаже „Две времиња“ на Урдин, кој ја освои главната награда „Џиновска панда“ на Шестото издание на Меѓународниот фестивал во Јаан, Кина. Исто така, професорот Стјепановиќ ќе одржи работилница за посебноста на филмското актерство со акцент на интермедијалната игра, модалитетите, разликите, спецификите и споредбите на филмското актерство во однос на другите медиуми.

Финансиски покровители на „Астерфест“ се Агенцијата за филм и Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата