Актерот Мето Јовановски ќе го предводи жирито на ИФ „Монодрама-Битола 2013“

Од:

Доајенот на македонското глумиште, актерот Мето Јовановски е избран за претседател на меѓународното стручно жири за претстојниот интернационален фестивал на монодрама што од 24 до 28 април ќе се одржи во Битола.

Од Центарот за култура од Битола, кои се домаќини и организатори на фестивалот, информираат дека освен Јовановски, во жирито ќе членуваат Соња Михајлова, Нина Мазур, Марцин Боткиевиц и Вјацеслав Терешченко, а селектор на фестивалот е битолскиот актер Петар Мирчевски.

– Годинава на фестивалот ќе бидат прикажани монодрамски остварувања на актери од Словенија, Романија, Србија, Шведска, Украина, Тунис и од нашата држава. Главен фестивалски предизвик секако дека е наградата „Гран-При“ за која конкурираат исклучителни актери како што се Олга Град, Луминица Борца, Страхиња Бојовиќ, Елиас Фајнгерш, Марина Куклина, Видмантас Фијалкаускас, Мехер Авахри, Владимир Јачев, Хауард Рип или Билјана Таневски кои ќе настапат во Битола, истакна Наташа Николовска, портпарол на фестивалот.

Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола кој годинава одбележува 15 години постоење, ќе биде отворен со театарската претстава на МНТ-Скопје „Изгубени Германци“ од  Дејан Дуковски во режија на Слободан Унковски, а ќе биде затворен со претставата „Женидба“  во изведба на Театар Комедија од Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска