Актерката Мими Таневска ја напиша пораката за Светскиот ден на театарот

Од:

Театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни и креативни идеи. Отворена врата за секоја нова генерација на театарски создаватели кои се должни да го надградуваат и да го унапредуваат.

Театарот е континуитет и мора постојано да се движи напред, не смее да има празен од, напиша Мими Таневска, актерка и професор на Факултетот за драмски уметности во македонската порака по повод 27 Март – Светскиот ден на театарот.

– Театарот треба да биде доследен на својата цел: да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите, вели Таневска во пораката.

Таа ќе биде прочитана во сите театри в среда, кога се празнува денот на театарот, заедно со светската порака која годинава ја напиша  нобеловецот Дарио Фо.                                                         

По тој повод премиерно ќе биде прикажан и краток филм, кој го направи Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт во соработка со ИТИ Париз, УНЕСКО. Видеото е со  актерката Ирена Ристиќ и во режија на Ана Јакимска. На Универзитетот Евро Балкан, каде што е  седиштето на новиот Македонски центар на Интернационалниот театарски институт, во среда ќе има и панел-дискусија на тема: „Какви театарски продукции посакувам/е? Какви видови театри/репертоари ни се потребни?“

Светскиот ден на театарот се одбележува од 1962 година. Датумот 27 март е избран зашто на тој ден пред 51 година е отворена сезоната на „Театарот на нациите“ во Париз. Бил предложен година пред тоа, во јуни 1961 во Виена, на 9. Светски конгрес на Интернационалниот театарски институт (ИТИ). Овој ден на различни начини се прославува во речиси сто  национални центри на ИТИ низ светот, а пред почетокот на претставите во театрите се чита меѓународната порака.

Македонскиот ИТИ центар го одбележува Светскиот ден на театарот од 1997 и со македонска порака. Нејзини автори во изминатите години беа познати македонски драмски писатели, театарски режисери и актери.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска