Адеми не кажува колку потрошил за новогодишниот концерт во Виена

Од:

Министерството за култура молчи за трошоците направени за престојот на министерот за култура Асаф Адеми и други претставници на новогодишниот концерт во Виена. За престојот на 1 и 2 јануари во Виена, министерството информираше дека станувало збор за работна посета на Виенската државна опера на покана на директорот Доминик Мајер но дознаваме дека Адеми и уште еден вработен во министерството за култура на патувањето биле и со своите сопруги.

Побаравме одговор од Нурџан Асановска, портпарол во ова министерство, за точната сума на потрошени средства и за колку луѓе се издвоени пари од буџетот на министерството за трошоци за авио билети и хотелски сместувања за овој престој во Виена, но не добивме прецизен одговор.

„Во рамки на посетата, а во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на Виенската државна опера, министерот Адеми присуствуваше и на изведбата на операта „Лилјакот“ од Јохан Штраус. Во рамки на престојот министерот Адеми оствари и работна средба со директорот Мејер на која се разговараше за можностите за соработка на оваа реномирана оперска куќа со националните установи од Република Македонија. За работната посета на министерот Адеми на Виенската државна опера од буџетот на Министерството за култура беа издвоени средства за авионски билет и за хотелско сместување, додека влезницата за оперската изведба беше покриена од страна на домаќинот“, ни одговорија од министерството за култура.

Адеми во својот прв отчет за периодот од 1 јуни до 1 ноември 2018 година, објави дека имал реализирано две патувања во Тирана и во Франкфурт и искористил еден авионски билет во висина од 7.286 денари.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Експлозија во теретана во Виена, повредени се неколку лица

Горан Наумовски

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он

Во Челопек осуда на терористичкиот напад во Виена во кој учествуваше момче со потекло од селото

Жарко Настоски