47. Светска галерија на карикатури во „Остен“ од денеска до 16 јуни

Од:

Во Галеријата на „Остен“ од денеска до 16 јуни ќе бидат претставени селектираните дела од учесниците на 47. Светска галерија на карикатури. Критериум за учество бил делата да се оригинални, рачно цртани карикатури, сатирични цртежи и стрипови.

На конкурсот оваа година биле пријавени 260 карикатуристи со 1.027 дела од 36 земји во светот. Првата селекција ја направи познатиот карикатурист од Србија Недељко Убовиќ, а за наградите одлучило петчленото интернационално жири: Градимир Здравковиќ од Канада, Марсија Гаглиарди од САД, Мурат Ердоган од Турција, Мустафа Рамезани од Франција и Мице Јанкуловски од Македонија.

– Нивна заедничка оценка е дека на овогодишното издание на Светската галерија на карикатури се испратени карикатури, сатирични цртежи и стрипови со извонреден квалитет како во идејата и пренесувањето на пораката, така и во уметничкото изразување што, патем, нивната работа ја направи исклучително тешка. Без оглед на разликите во стиловите и медиумите, карикатуристите кои учествуваа на натпреварот ги изразија своите погледи, грижи, критики и предвидувања преку универзалниот јазик на карикатурата. Од таа богата конкуренција на нацртани идеи и пораки, произлегоа и одлуките на жирито, соопшти „Остен“.

Прва награда за сатиричен цртеж и е доделена на Слава Казаневски од Украина, прва награда за карикатура доби Слободан Срдиќ од Србија, прва награда за стрип доби Билиг Ба од Кина, а наградата „Цицо“ за македонски карикатурист ја доби Владимир Боројевиќ од Македонија.

Добитници на Посебна награда се: Даниел Едуардо (Аргентина), Григориј Дроботун (Русија), Ириен Трендафилов (Бугарија), Константин Казанчев (Украина), Мариан Лупу (Романија), Михел Моро Гомез (Куба), Мојмир Михатов (Хрватска), Поја Сарех (Велика Британија), Сунчица Божиновска (Македонија) и Владо Волаш (Србија).

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска

„Остен“ одбележува 75 години со две изложби од 1 до 10 октомври

Ана Ололовска

Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“

Ана Ололовска

Завршува „Остен биеналето на наградени автори 2019“ во Охрид

Ана Ололовска