44. Државен натпревар на непрофесионален филм 2015 во Велес

Од:

Во организација на Кино сојузот на Македонија, Народна техника на Македонија и велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, вечерва во Велес во новата театарска зграда започнува 44. Државен натпревар на непрофесионален филм 2015.

За учество се пријавени 44 дела во пет категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм.

Жири комисијата во состав: Илинденка Петрушева, Јордан Витанов и Миле Петковски ќе одлучува за најдобрите во сите категории, а ќе се додели и „Гран при“ на фестивалот и златни плакети.

На вториот ден од фестивалот ќе се прикажат шест непрофесионални филмови снимани во Франција. Станува збор за кратки филмови кои траат од една до 14 минути во кои се прикажуваат слики од животот на обичниот француски човек, трките со бикови во јужните француски градови…

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата