Вечерва изложба на Ферди Булут во КИЦ Битола

Од:

Академскиот сликар Ферди Булут, денеска со почеток во 18 часот ќе има самостојна изложба насловена “Широк сокак во боја” во просториите на КИЦ (Офицерски дом) во Битола.

Станува збор за циклус на визуелни решенија, презентирани преку женското битие, односно преку визуелен приказ на жената со користење на постапката осветлување, наспроти колористичната симбиоза на композициите. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура во рамките на проектот “Култура во лето”.

Ферди Булут е македонски сликар од помладата генерација. Излагал во Македонија, Австрија, Франција, Бугарија, Италија и Турција.

Би можело да ве интересира

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“

Изложба во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Започна Интернационалниот литературен фестивал „Про – ЗА Балкан“

Изложба на Тања Балаќ