15-ти интернационален фестивал на монодрама во Битола

Од:

Синоќа од 19 часот и 30 минути и свечено со претставата „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во режија на Слободан Унковски, започна 15-тото јубилејно издание на фестивалот на монодрамата во Битола.

Почнувајќи од вчера, па до 28 месецов,на 5 сцени во градот,ќе бидат прикажани остварувања на актери од 8 различни држави: Словенија, Романија, Тунис, Србија, Шведска, Украина, Израел и од Македонија.

На свеченото отворање пред присутните се обрати директорот на Центарот за култура во Битола , Борче Димитровски, кој истакна дека е чест, но и голема обврска да се биде организатор на ваков фестивал, кој од година во година е сè поуспешен и поуспешен.

monodrama-bitola

На фестивалот е избрано меѓународно жири, кое ќе ја додели наградата Гран-при. Претседател на жирито оваа година е врвниот македонски актер Мето Јовановски, а Соња Михалова од Битолскиот театар, Украинката Нина Мазур, Марчин Боткиевич од Полска и рускиот режисер Вјачеслав Терешенко го сочинуваат годинешното жири. Тие ќе имаат тешка задача да се одлучат за една од осумте претстави, бидејќи, според селекторот Петар Мирчевски, годинава има извонредна понуда на монодрами.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на жирито, Мето Јовановски, кој претходно бил и самиот дел од фестивалот со негова изведба на монодрама.

Надвор од официјалната конкуренција, покрај претставата „Изгубени Германци“, за отворањето ќе бидат прикажани и „Малограѓанска свадба“ на Народниот театар од Охрид, „Љубовникот“ на студенти од Универзитетот ЕСРА и „Женидба“ на Театарот Комедија од Скопје. Предвидена е и промоција на книгата „Мите-сцена живот“ од Борче Грозданов.

 

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска