13. фестивал на античка драма „Стоби“ од 19-ти до 26-ти јули

Од:

Во археолошкиот локалитет Стоби од 19 до 26 јули ќе се одржи 13. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

– Фестивалот се отвора на 19 јули  во 21 часот со претставата „Војникот Фалбаџија“ во режија на Лука Кортина, во продукција на Турскиот театар од Скопје. На 21-ти јули со две изведби, во 20 и 22 часот, ќе се одигра претставата „Федра“ на Независна продукција од Македонија. Два дена подоцна ќе настапи Театар Комедија од Македонија со претставата „Многу врева за ништо“, која премиерно беше изведена деновиве, рече на денешната прес-конференција Зоран Љутков, претседател на Здружението на античка драма „Стоби“, кои со општина Велес се организатори на фестивалот.

Единствената странска претстава е „Медеја“ на Казахтанскиот театар за танц и музика „Ајгул Иманбаева“, кои ќе настапат на 25 јули, со што го затвораат официјалниот натпреварувачки дел на фестивалот.

И оваа година ќе се доделат четирите редовни награди, Гранпри за најдобра претстава на фестивалот, награда за најдобра режија и наградите за најдобра машка и женска улога. За наградите ќе одлучува  жири-комисијата во состав: Кети Борисовска-актер, Венко Серафимовски-музичар и Драган Спасов Дац-актер.

Љутков појасни дека фестивалот од година во година се труди да го задржи и квалитетот и квантитетот на претставите и да го привлече вниманието на публика.

– Веќе пет години како организатори го следиме пулсот и вниманието на публиката. Секогаш во прв план се претставите кои имаат и танц и музика. Гледачите сакаат да гледаат претстави кои ги разбираат и се на мајчин јазик и мислам дека оваа година ќе бидеме посетени, имајќи предвид дека имаме повеќе македонски претстави кои се квалитетни и барани,  потенцира директорот на фестивалот Зоран Љутков.

Фестивалот завршува на 26 јули со изведбата на претставата „Крал Лир“ во продукција на Велешкиот народен театар, кога ќе бидат доделени и наградите за најдобрите. 

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска