ВИДЕО: 100 илјади поети за промена по петти пат

Од:

Струмица е домаќин на петтата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“, настан кој ќе се одржи на 26 септември, во овој град. Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годишно се одржува во повеќе од 100 држави, меѓу кои е и Македонија. Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира петтото јубилејно издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Како дел од програмата во Струмица ќе се реализираат две поетски читања. Во 16:00 часот во Старото детско забавиште – локација која е добро позната за струмичани официјално ќе започне манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ со читање на најмладите автори, основци и средношколци од Струмица, кои претходно се пријавија на отворениот конкурс, за потоа да продолжи во 20:00 часот со отварање на изложба на плакати, промоција на зборникот „100 Илјади поети за промена – V“ проследено со поетски рецитали од учесниците на конкурсот, поетски видео перформанс и сценски хип хоп настап на „Пука козметика“.

На читањето ќе учествуваат поети кои се дел од конкурсот кој претходно беше објавен на тема – промени, во кој учествуваа околу 200 поети од Македонија и светот, гости поети од Египет и ќе бидат проследени со изложба дваесетина плакати кои се дел од конкурсот кој претходно беше објавен.

Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и годинава се одржува во повеќе држави во светот, односно, имаме најавено 550 настани во над 100 земји во светот!

Поетските читања се наменети за автори од цела држава кои ја поддржуваат оваа идеја. Ова е манифестација која има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во себе, односно околу себе.

100iljadipoeti

„Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика.

Да проговориме јавно за сите оние промени кои сакаме да ги видиме, а се однесуваат како на оние материјални аспекти, така и на оние духовни аспекти, за тоа дека не сакаме да има повеќе војни, геноцид, сакаме да има толеранција, разбирање, прифаќање на различностите и всушност ширење на онаа генерална, основна порака на луѓето, т.е. повеќе љубов, повеќе разбирање и прифаќање на луѓето такви какви што се.

Струмица веќе петта година е дел од ова глобално движење, кое е во функција на подигање на свеста кај граѓаните за секојдневните проблеми, повеќе глобални отколку локални. Во изминатите години во Струмица, на различни локации – Старата детска градинка, Малиот градски парк, Амфитеатарот – се случи читање на поезија на повеќе македонски поети. И оваа, 2015-та година, повторно, сега на 26 септември, сабота, ќе се случи читање на повеќе поети, кои ќе се обидат токму преку своите песни да ја актуелизираат поезијата како активистички принцип и социјален ангажман.“, пишуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

Објавена „Македонска љубовна лирика“ – најобемниот тематски избор од современата македонска поезија приреден досега

Објавена програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“