Тереза Меј бара од ЕУ лидери да издвојуваат повеќе за одбраната

Од:

Британскиот премиер Тереза Меј на Самитот на ЕУ во Малта, бара од своите сојузници во НАТО- членки на Унијата- да издвојуваат повеќе средства за одбраната.

Според лондонските медиуми, ваквото барање на Меј, во текот на најверојатно, последниот Самит на ЕУ, пред започнувањетоо на формалните преговори за Брегзит, доаѓа само една недела по нејзината средба и разговорите во Вашингтон со новиот американски претседател Доналд Трамп.

Тој уште во текот на предизборната кампања изјавуваше дека НАТО делува „застарено“ зашто нема стратегија против тероризмот, како и дека никој не сака да уплаќа за неговото одржување.

Само неколку земји редовно издвојуваат по два отсто од својот Бруто национален производ (БНП), како што се имаат договорено сите членки, а Велика Британија и САД се едни од малкуте што го почитуваат договорот.

Меј во Ла Валета се обврзала и дека ќе и помага на ЕУ во справувањето со бегалската криза и напливот од мигранти и по Брегзит.
Во Лондон е потврдено дека таа ке им одделни средби со гермнскиот канцелар Ангела Меркел и со шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Британија настојува да ги увери членките на ЕУ дека ке остане партнер на Унијата и по своето повлекување, како и дека за официјален Лондн е од „стратешко значење„ постоењето на силна ЕУ.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он