Снег на Хаваите

Од:

Делови од сојузната американска држава Хаваи се зафатени со невообичаено студено време, што предизвика врнежи од снег во повисокте реони и обилни врнежи од дожд во пониските делови од островот.

Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ јавува дека изминатите денови паднале 90 сантиметри снег на највисоките планински врвови – Мауна Кел и Мауна Лоа.

Во другите делови од Хаваите поројните дождови предизвикале поплави.

Метеоролошки експерти изјавиле за весникот дека не е невообичаено, снег да паѓа на тропскиот остров, но дека е мошне ретко да падне во толку голем обем, на пониските височини.

На врвовите Мауна Кел и Мауна Лоа кои се високи по четири илјади метри, снег паѓа обично, по пет шест пати во текот на годината, но има зими кога на нив воопшто нема да има снег, како што тоа беше минатата година.

Снегот на двете планини, предизвикал блокада на патиштата до високите терени, на кои се очекува да се најдат љубителите на скијање и ски бординг.

Во другите делови од Хаваите, зафатени со силните дождови, температурата изнесува 20 степени Целзиусови.

Американските метеоролози најавиваат дека ваквото време ќе се задржи на Хаваите и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се намали на 97

На Хаваи, повеќе од 300 се водат како исчезнати по пожарот

Бројот на загинати од шумските пожари во Мауи се искачи на 111, околу 1.000 луѓе се водат како исчезнати

Бројот на загинати во пожарот на Хаваи се искачи на 101

ВИДЕО: Бројот на жртвите на Хаваи ќе биде двојно или тројно поголем