Самит 100: Балканските градови ќе се поврзуваат со електрифицирани автопатишта

Од:

Електрификација на автопатиштата во регионот за да се стимулира употребата на електрични автомобили, она што е тренд во светот, е проектот чија реализација ќе биде најавена на Самит 100 што ќе се одржи во Скопје на 16-ти и 17-ти овој месец.

Средствата за реализација на проектот Едисон, како што беше посочено на денешната прес конференција за претстојниот Самит 100 во Скопје, се обезбедени од ЕУ, а на конференцијата треба да бидат соопштени повеќе детали од страна на еврокомесарката за транспорт Виолета Булц.

Планирано е да се воведе електрификација на патна инфраструктура во должина од 2.400 км, што ги поврзува сите поголеми градови од регионот.

Ова е регионален проект што е проеизлезен од иницијативата Самит 100, чија платформа е настаната во Словенија 2015 година.

Поврзувањето е клучниот збор на Самит 100 во Скопје, поврзување во разлчични области и на различни нивоа. Еден од главните говорници ќе биде еврокомесарката Булц на која ќе и се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании од регионот како Хидрија, АСА Груп, Атлас фондација, Атлантик група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и други, но и претставници од меѓународни финансиски инститиуции како Европската банка за обнова и развој, Меѓународната финансиска корпорација, Европската инвестициска банка, Светската банка и многу други претставници од бизнис сектор.

Според претседателот на УО на Самит 100 и генерален директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, настанот е уникатен и отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од регионот.

– Самит 100 е создаден како регионална иницијатива и токму затоа членови во нашиот УО се претставници на стопанството од целиот регион на ЈИЕ. Како претседател на УО но и како директор на компанија која работи регионално и меѓународно, свесен сум за силата и значењето на заедничкиот настап и поврзаноста на нашите земји. Имено, гледано во светски рамки нашите пазари се мали, но обединувајќи ги интересите и капацитетите во заедничпки настап можеме да бидеме сериозно меѓународни конкурентни и истовремено да го свртиме вниманието на глобалниот бизнис кон инвестицискиот потенцијал на земјите од Западен Балкан, Хрватска и Словенија. Како домаќин на овогодинешниот Самит 100, навистина ми е драго што енергијата е препознаена од голем број бизнис и политички лидери кои ги очекуваме во следните денови во Скопје, рече Мукаетов.

Самитот официјално ќе го отворат претседателот на Бордот на Самит 100 Живко Мукаетов и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе биде одржан и панел со премиерите на земјите од регионот. Потврдено е присуство на премиерот на Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и Хрватска, се очекува потврда и од БиХ.

Јелена Радуловиќ програмски директор на Самит 100 истакна дека од година во година Самит 100 напредува и секогаш му се додава по некоја нова димензија на иницијативата.

– Во Скопје очекуваме дека ќе продолжиме да го надградуваме нашиот модел и Самит 100 ќе стане уште посилна платформа со помош на добрата енергија во Скопје, но и дека дополнително ќе ги конкретизираме нашите идеи и прв пат во историјата на Самит 100 ќе ги претставиме на премиерите, со цел да направиме поширок фронт за унапредување на соработката во регионот, рече таа.

Како резултат на оваа иницијатива се реализира проектот Феникс преку кој градежни фирми настапуваат заеднички на пазарите во арапскиот свет и во Русија.

Би можело да ве интересира

Неколку министри го бојкотираа Лавров: „Вие сте виновни, го убивте ОБСЕ“ , рече рускиот дипломат и го напушти состанокот

Орце Костов

(ВИДЕО) Лавров кон грузиска новинарка: Имаш убава боја на косата

Орце Костов

Ковачевски: Недоаѓањето на некои министри е порака за неоправданоста на руската агресија

Орце Костов

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Двесте војници на АРМ ќе ги возат министрите на ОБСЕ

Орце Костов

Османи на маки: Лавров побарал да дојде во Скопје, но воздушниот простор е затворен за руски авиони

Орце Костов