Очекувам овој изборен ден исто како и на првиот круг од претседателските избори да помине во демократска, фер и мирна атмосфера, каква што и доликува на една европска земја, на европска Македонија, изјави Ѓорге Иванов, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ по гласањето на избирачко место во гимназијата „Јосип Броз-Тито“.
– По изборите очекувам сите кои ќе ја добијат довербата на граѓаните да ги остварат сите ветувања што ги имаа во кампањата, за да имаме успех и просперитет на цела Република Македонија и на сите нејзини граѓани, додаде Иванов