Елизабета Втора до Британците: Пронајдете заеднички јазик

Од:

Британската кралица Елизабета Втора ги повика Британците да се обединат и да пронајдат заеднички јазик, во порака упатена во момент на поделби и расправи меѓу британските пратеници во врска со напуштањето на државата на Европската унија.

Во говор на Универзитет таа нагласи дека е важно „да се зборува убаво за другите и да се почитуваат различните ставови пред новите предизвици“.

– Континуираниот нагласок на трпение, пријателство силен фокус врз заедницата и земање предвид потреби на другите денес се важни колку и кога таа група е основана пред сите овие години, нагласи кралицата. Таа додаде дека секоја генерација се соочува со нови предизвици и можности.

– Предност дава на проверени рецепти како што е да се зборува убаво еден за друг и да се почитуваат поинакви ставови и да се здружат за изнаоѓање заеднички јазик истакна таа со напомена дека никогаш не треба да се изгуби „широка слика“. Тоа беше нејзин втор говор во рок од еден месец во кој зборуваше за потреба за толеранција.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он