Бран или фарса

Од:

Владејачката партија се проветрува, ќе ја зафати бран кој ќе донесе неизвалкани, млади стручни и работливи кадри, бомбастично најавија оние медиуми на кои им беше шепнато да кажат.

Бран според дефинициите е движење кое пренесува енергија од една до друга точка, често без поместување на честички, движење низ етерот или медиумот, значи дефиниција на место и слика за нашиот бран.

Еве и со факти. Ајде да почнеме со бранот на пишманџиите или повратниците.

Филип Петровски – едно време најгласниот младинец против правата на Албанците, па најгласен во критиките за Груевски, дека водел антимакедонска политика, а за Милошоски дека бил бугарофил и бескрупулозен.

„Од 2007-ма до 2011-та, Груевски го зголеми трошењето за 4,1 милијарда евра од државниот буџет. Граѓаните да излезат да гласаат, останувањето дома е поддршка на Груевски, останувањето дома е давање шанса да стоиме уште некоја година во место“, изјави Филип Петровски.

Затоа му стана достапна функцијата заменик директор на Државната лотарија. Која функција ќе биде достапна за уште еден пишманџија ќе покаже времето.

Марјан Додовски, се крстеше во Љубчо Георгиевски.

„Заедни со нашиот лидер, лидерот на ВМРО и нашиот почесен претседател, господинот Љубчо Георгиевски, одиме да ја вратиме надежта, одиме да го вратиме достоинството и иднината на Република Македонија и достоинството на граѓаните на Република Македонија“, вели Марјан Додовски.

Ама сега во друг, сега на друго место ја препозна вистинската ВМРО.

Некои на време ги препознаваа работите, некои подоцна. Некои не можат ни да сфатат што им се случува и зошто токму нив ги однесе бранот или метлата.

Како ислужени или заморени Волкановска и Краљевски сега ќе пододморат, а Чинговски, оној кој верно служеше и потроши повеќе од една милијарда евра за увоз на електрична енергија, сега ќе амбасадорува или одмора во земјата на изгрејсонцето.

И ќе добиеме вака околу 200 свежи лица, но некои остануваат нечепнати, на пример владиниот кабинет, собраниската послушничка, љубовџијата. ДУИ не дозволува некој друг, па бил тоа и премиерот да ги освежува.

И ќе можат да си носат закони, без да ги нервира веќе Уставниот суд бидејќи и него го освежија. Елена Гошева ќе донесе подмладување и освежување, иако беше веќе одамна зрела за пензија, а и немала блискост со партија, најмалку со владејачката.

Пензионерката Гошева, во судиското столче ќе седне како награда затоа што нејзината ќерка, Слободанка Гошева, го опструира и прекина пописот за кој залудно се потрошија 13-те милиони евра.

Гошева е сопруга на екс-претседателот на Студентскиот центар, Ѓорѓи Гошев кој има кривична пријава за злоупотреби.

Со новиот бран партијата добива димензија на движење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ јавно благодарејќи на сите кои беа и се уште се дел од сите проекти, реформи и мерки кои досега се остварени и се остваруваат, овој пат го нуди новиот бран како одговор на предизвиците и потребата за свежина, верба, растење и напредок. Ова е одговор на предизвиците за дополнително единство во нашето општество“, вели Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.

За ЛДП, сето ова е фарса.

„Господине премеиере Груевски, јас знам дека ова го правите за да ја дефокусирате јавноста, но вие многу добро знаете дека, паралелно со вашиот, се создава многу поголем бран на незадоволство од осиромашените и излажани граѓани, кој бран ќе ве потопи веќе на наредните избори, изјави претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски.

А нели сите овие бранови, освежувања, подмладувања, не ви личат на избори???

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен