Актер на Европа за Силвија Берже од Комеди Франсез

Од:

Со бугарската претстава „Нирвана” од Константин Илиев, во режија на Иван Добчев од театарот Сфумато од Софија, заврши 13. Интернационален театарски фестивал „Актер на Европа“,што се одржа во Ресен.

Изведени беа шест претстави од Словенија, Бугарија, Германија, Франција и домаќинот Македонија. Стручносто жири во состав Благој Стефановски, Мартин Кочовски и Весна Гаврил, наградата Актер на Европа за 2015 година и ја додели на Силвија Берже од Комеди Франсез, Париз, за претставата „Тестаментот на Ванда”.

За најдобра претстава е прогласена бугарската „Нирвана” во изведба на младите актери Ирмена Чичикова и Христо Бонин, додека наградата Жак Лакариер за експеримент и иновација ја добија претставата „Глупирање наоколу” од театарот Келер од Келн во режија на Брајан Мајклс, како и Ана Батева за претставата „Обѕрни се во гнев”.

Наградата од публиката, Гранд при, и припадна на претставата „Излегов да се прошетам”.

Советот на фестивалот ги додели наградите за најдобар текст на Жан Пјер Симеон, Франција, за претставата „Тестаментот на Ванда“ и „Наум Манивилов Преспански” на Митрополитот Европски Пимен, за афирмација на духовните вредности на Преспа

Награда додели и неделникот „Јавност“ од Битола за претставата „Ирена или не можам повеќе” во режија на Ник Упер и изведба на Мирел Кнез.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска