DesonanzFestival, во соработка со TaksiratFestival, за овој петок (осми декември) најавува вртоглава аудио-визуелна клубска вечер предводена од маскираниот берлински техно/IDM продуцент HeadlessHorseman во МКЦ.
Headless Horseman е мистична фигура на електронската сцена и највозбудливиот хардверски техно перформанс во моментов на планетата.
Неговите концерти/настапи во живо се врвен доказ за техничката спремност, но и сценографската ексцентричност која HeadlessHorseman ја поседува во изобилие и ја покажува на камера за BoilerRoomBerlin, како и низ настапите во Berghain, CorsicaStudios, Razzmatazz, Tresor, CircusTokyo.Овој перформанс е негово деби во Скопје и дел од светската турнеа на неговиот албум и видео проект “Sanctuary”.
За загревање на публиката пред настапот на Headless Horseman ќе се погрижат Maggie (Code XX), BodanJamakoski (Audiobahn), Andreas Hz (Broccoli) и Martchin (BTKRSH).
„Десонанз“ е годишен фестивал на нова уметност и современа музика чија мисија е да открива, мапира и промовира автентични изрази на музичка култура и уметност во современото општество. „Десонанз“ ги истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.