Македонската фудбалска репрезентација составена од играчи до 16 години ја победи Црна Гора со 1:0 на гостински терен во Подгорица на првиот од двата предвидени контролни натпревари меѓу двете селекции.
Христијан Трапановски во 55. минута го постигна голот за победа на нашата репрезентација.
Вујадин Станојковиќ, селекторот на Македонија задоволен од резултатот и од играта на своите избраници.
– Одигравме солидно во првото полувреме, бевме добри на средината од теренот, не правевме грешки и не му дозволивме на противникот да влезе во шанса. Технички многу подобро одигравме во вториот дел, како тим бевме на посакуваното ниво и на крајот заслужено победивме. Се надевам дека играчите со сличен пристап ќе бидат и на натпреварот во Бар, изјави Станојковиќ.
Втората контролна пресметка меѓу двете репрезентации се игра утре од 11 часот во Бар.