Фетел со Ферари победи на Големата награда на Сингапур

Од:

Себастијан Фетел со Ферари победи на Големата награда на Сингапур, 13-та трка во шампионатот на Формула 1.

Фетел ја забележа третата сезонска победа, вкупно 42-ра во кариерата, со која се искачи на третото место на вечната листа. Пред Фетел се Михаел Шумахер со 91 и Ален Прост со 51 победа.

Второто место во Сингапур му припадна на Даниел Рикардо (Ред Бул), а успешниот викенд на Ферари го комплетираше Кими Раиконен кој го освои третото место.

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон поради проблеми со болидот не ја заврши трката, што е негово прво откажување оваа сезона.

Зад најдобрите тројца трката ја завршија Розберг (Мерцедес), Ботас (Вилијамс), Квјат (Ред Бул), Перез (Форс Индија), Ферстапен и Саинц јуниор од Торо Росо и Наср (Заубер).

Хамилтон во генералниот пласман води со 252 бода, неговиот тимски колега Розберг е втор со 41 бод помалку, а Фетел на шест трки до крајот на првенството има 203 бодови.

Наредната трка во првенството на Фромула 1 ќе се вози во Јапонија на 27. септември.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он