Олимпија бара проширување на АБА лигата Љубљана

Од:

Најпознатата словенечка екипа Олимпија која не обезбеди учество во АБА лигата следната сезона, побара проширување на регионалната лига и со тоа административен влез во првенството на најдобрите тимови од Балканот.

– Почитувани, како едни од основачите на АБА лигата, ви се обраќаме со молба до следното Собрание да се разгледа предлогот за проширување на АБА лигата на најмалку 14 екипи и за тоа да се одлучи во најкраток можен рок, стои во дописот од Олимпија.
Љубљанчани бараат лигата во сезоната 2016/17 да брои 14 наместо планираните 12 екипи, а таковото барање добило поддршка и од Српскиот кошаркарски сојуз, јавуваат тамошните медиуми.

Постои опција и за проширување на 16 екипи, но дали АБА ќе брои 12,14 или 16 екипи во новата сезона, ќе се знае по Собранието закажано за 1 јули во Подгорица за кога е закажана и жрепката за натпреварувачкиот календар.

И оваа година претставник од Македонија во Јадранското натпреварување ќе биде МЗТ Скопје Аеродром.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он