Куркума стапчиња

Од:

Куркума стапчиња со убава жолта боја и мирис на Ориент …

Потребно е:
250 мл млака вода
1 лажица шеќер
7 гр сув квасец
400-450 гр брашно
1 лажица куркума
2 лажици маслиново масло
1 лажиче сол
1 лажица маслиново масло, за премачкување
1 лажица крупна морска сол, за посипување

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги водата, шеќерот и квасецот и оставете ги на топло за да стаса квасецот, околу 10 минути.

– Додадете 1/2 од брашното, куркума, маслиново масло и сол и измешајте со вилушка. Потоа постепено додадете го останатото брашно и замесете меко и еластично тесто.

– Измесеното тесто префрлете го на чиста чинија, премачкајте го со малку масло и покријте го со пластична фолија. Оставете го да стои 1-2 часа на топло место.

– Кратко премесете го тестото на набрашнета работна површина и исечете го на 20 еднакви делови.

– Секое парче тесто обликувајте го како стапче. Стапчињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење, премачкајте ги со маслиново масло и посипете со морска сол.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени 15-20 минути.

– Сервирајте ги топли.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска