Кокос чоколадни коцки

Од:

Вкусен кремаст колач со богат вкус на кокос …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
3 јајца
100 гр шеќер
прстофат сол
125 гр брашно
1,5 лажиче прашок за пециво
1 лажица какао
8-10 лажици сок од ананас

за кремот:
4-5 банани
5 лажици сок од лимон
8 листови желатин
1 конзерва кокосово млеко (425 мл)
75 гр шеќер
3 лажици ликер од кокос
45 мл слатка павлака
10-15 Рафаело топчиња

за декорирање:
1-2 банани
3 лажици сок од лимон
50 гр чоколадо за готвење
1 лажица масло

Подготовка:
– Одвоите ги жолчките од белките. Во еден сад изматете ги трите белки со 3 лажици вода. Постепено додавајте 100 гр шеќер и прстофат сол со постојано матење. Потоа повторно со постојано матење додадете ги жолчките една по една.

– Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и какаото измешајте ги и додадете ги во смесата со јајца. Измешајте внимателно со дрвена лажица.

– Тавата за печење (24х35 см) обложете ја со хартија за печење и сипете ја подготвената смеса. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10 минути. Печениот бисквит оставете малку да се излади.

– Сеуште топлото тесто прелијте го со сок од ананас и оставете потполно да се излади.

– Бананите исечете ги на тркалца и веднаш прелијте ги со сок од лимон за да не потемнат. Бананите наредете ги на бисквитното тесто.

– Желатинот оставете да се омекне во ладна вода. Во еден сад измешајте ги кокосовото млеко, шеќерот и ликерот од кокос. Желатинот исцедете го и внимателно загревајте го да се растопи. Додадете го во кокосовото млеко со постојано мешање. Оставете го во фрижидер да се лади околу 5 минути, односно додека не почне малку да згуснува.

– Во меѓувреме Рафаело топчињата исечете ги на помали парчиња.

– Изматете ја во густ шлаг слатката павлака. Заедно со исецканите Рафаело топчиња додадете ги во кокос кремот и убаво измешајте. Добиената смеса распоредете ја над бананите во тавата и израмнете ја. Оставете го колачот преку ноќ во фрижидер убаво да се излади.

– Исечете го колачот на коцки. Бананите за украсување исечете ги на тркалца и прелијте ги со сок од лимон. Растопете го чоколадото заедно со 1 лажица масло на ниска температура. На секоја коцка од колачот ставете по едно парче банана и одозгора прелијте со малку растопено чоколадо.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска