(ВИДЕО) Јанушев: „Талир“ е доказ дека СЈО и Кацарска судството се неми извршители на наредбите на Заев

Од:

„Фабрикуваното обвинение за случајот Талир кое според информациите во медиумите е прифатено од Кривичниот суд е уште еден обид за груб политички притисок за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени за промена на името и идентитетот.

СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена НЕ СЕ ПРИФАТЛИВИ.

Случајот „Талир“ е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и притисоци“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните промени се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја критична мисла и сила која се спротивставува на антидржавните политики на СДСМ и Заев, кои одат во спротивност со македонските национални интереси.

Промената на името и договорот со Грција не поминаа на референдум, па сега се обидуваат на секој можен начин да дојдат до пратеник плус за да покажат некаков вештачки легитимитет на она што нема никаков легитимитет од народот – промена на името.

Случајот „Талир“ е директен доказ дека СЈО и Кацарска судството се само неми извршители на наредбите на Заев и СДСМ кои имаат за цел да ја зацрнат и уништат државата.

Кацарска судството е под целосна контрола на власта и се користи за политички притисок против опозиционото делување на ВМРО-ДПМНЕ. Замрзнувањето на партискиот имот како и прогонот на десетици илјади членови на партијата е показател дека власта не сака опозиција, дека власта не сака некој да се спротивставува на нејзините антидржавни политики и и пречи секој елемент со државотворна македонска определба на политичката сцена.

Притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ е одраз на стравот на СДСМ, кои соочени со огромното незадоволство на граѓаните гледаат како очајно гледајќи дека им тоне рејтингот, целта е да се осуети опозицијата и нејзиното делување како за уставните измени, така и во пресрет на претстојните претседателските избори. ВМРО-ДПМНЕ ниту промена на име ќе прифати ниту било што друго за што ќе оцени дека е штетно за граѓаните на Република Македонија.

Притисоците и заканите кои ги спроведува СДСМ преку СЈО, Кацарска судството и Русковска обвинителството ќе доведе до преиспитување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за нашето понатамошно институционално делување.

Заев тргни ги рацете од народот, не можеш да ја спречиш волјата на народот“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Огромни суми на пари од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев, а кои имаат тесна врска со Филипче

СДСМ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ вработува 50 свои луѓе во РЕК Осломеј

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски