СДСМ: Мицкоски и Бачев работат против државните интереси

Од:

„Откако се сведе на портпарол на Јанко Бачев, антизападниот пион Христијан Мицкоски, јавно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО.

Занесени во спроведувањето на антизападните и антидржавни наредби од нивниот шеф, кукавицата-бегалец Никола Груевски, Мицкоски и Бачев заборавија колку граѓаните и Македонија се поголеми од нив.

Граѓаните се поголеми од нивната омраза, од нивната желба за поделби, од нивните црнила.

Македонија е поголема од антизападните маргиналци Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа Никола Груевски многу добро го знае.

Граѓаните ги поразија деструктивните политики на Мицкоски и Груевски, го поразија режимот. Граѓаните не сакаат да се вратат во темното минато туку одбраа светла иднина во ЕУ и НАТО.

Македонија и граѓаните нема да дозволат да бидат блокирани, заглавени. Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО колку и тоа да не му се допаѓа на портпаролот Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он