А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УЈП: Пратениците треба да знаат дека плаќањето даноци не е „рекет“

by А1он12/02/2013 - 16:01186
Share0

Управата за јавни приходи, во врска со изјавите дадени од страна на пратеникот Горан Мисовски на денешните протести пред Регионалната дирекција Скопје, изразува жалење што токму претставник на законодавниот дом и политички субјекти води анти-даночна кампања и поттикнуваат неплаќање даноци.

Добивај вести на вибер

– Во услови кога модернизацијата и резултатите на македонската даночна управа се позитивно оценети од страна на сите релевантни меѓународни организации, нашиот напредок претставува пример во регионот и 94 отсто од македонските граѓани и бизниси доброволно ги плаќаат даноците, во „сопствениот двор“ некој за ситни политички поени го промовира плаќањето на данок како „државен рекет“, стои во реакцијата на УЈП.

Во соопштението се наведува дека токму пратениците треба најдобро да знаат дека плаќањето даноци не е „рекет“ туку уставна обврска според која секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
– Во делот на транспарентноста на УЈП, некои политички партии имаат „амнезија“. За сите наведени случаи „Детонатор“, „Пари во шише“, „Станови на Груевски“ и за сите други случаи кои биле завршени во делот на УЈП, информирана е целокупната јавност и доволно е само да се прелистаат архивите на медиумите, се наведува во реакцијата од УЈП.

ujp

Би можело да ве интересира

Илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред, УЈП најавува контроли

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:36

УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет

А1он10/03/2026 - 15:27

УЈП го активира процесот за враќање на средствата од солидарниот данок

Горан Наумовски24/02/2026 - 10:32

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 14:56

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он17/01/2026 - 13:00

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто