СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ провоцира инциденти

Од:

СДСМ реагира на написот на порталот „Курир“ со наслов „Симпатизери на СДСМ нападнаа жена и смртно се заканија на дете“.

СДСМ изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ на секаков можен начин се обидува да исценира и да му припише насилство на „Сојузот за иднината“ . Велат оваа денешна провокација не се случува прв пат. Потсетуваат на обидот симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ да лепат партсики материјали на возилата на Отпорот по Партизанска

„ВМРО-ДПМНЕ и во саботата на Партизанска во Скопје и пред две недели во Прилеп и во Пробиштип се обиде да исценира инциденти и да испровоцира физичко насилство. Така и денес, жената која изјавува дека е нападната беше таа која се приближи на присутните и им се нафрли со навреди со очигледна намера да се претстави како жртва. Само благодарение на присебноста на организаторите се сè сведе само на неуспешен инициран обид за инцидент“, наведува СДСМ во писмениот демант до порталот „Курир“.

„Граѓанските парламенти, маршеви и протести во организација на здружената опозиција се организираат непрекинато повеќе од педесет дена и во ниту еден момент од страна на членовите, симпатизерите кои учествуваат на овие настани не е ниту испровоциран, ниту направен било каков инцидент“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски