ПОЦ набави нова машина за чистење на паркиралиштата

Од:

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје денеска презентираше нова машина за чистење на паркиралиштата.

Од ПОЦ велат дека се работи за современа машина на познатиот германски бренд „Green Machines“ која секојдневно ќе ги отстранува отпадоците, ефикасно ќе ги чисти паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе придонесе за почиста и поздрава околина.

„За првпат на овој начин ќе ги чистиме нашите паркиралишта. Иако досега со помош на општината успешно ја одржувавме чистотата, со набавката на оваа машина ЈП ПОЦ поефикасно ќе ја извршува работата во делот на одржување на хигиената и чистотата на паркиралишта, како и целокупната чистота на Центар. Оваа машина тоа го овозможува и мислам дека граѓаните ќе бидат задоволни и ќе ја забележат разликата којашто ќе биде очигледна“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски на божиќниот бранч со медиумите.

ПОЦ уверува дека машината за чистење паркиралишта е совршено прилагодена за чистење на најстрогите отворени површини и може да издржи максимален притисок во секојдневното работење. Набавката е преку економскиот оператор Сандра М Љупчо ДООЕЛ експорт – импорт Кавадарци, кој бил најдобар понудувач на тендерот, и ангажирањето на оваа механизација чини 2,352,920 денари.

„Општина Центар како дел од локалната самоуправа и основач на јавното претпријатие “Паркинзи на Општина Центар“, секојдневно работи на редовно одржување на хигиената на улиците и тротоарите, но и на паркиралиштата кои се наоѓаат на нејзина територија. Во периодот што следи, општината ќе набави уште неколку вакви машини за одржување на хигиената, но и ќе постави нови канти за отпадоци и контејнери, со што ќе придонесеме за почиста и поздрава животна средина за децата и за граѓаните на Центар“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски