„Фокс њуз“ објави текст во кој пишува дека американскиот претседател се залага за договор помеѓу Белград и Приштина, а Србија ја нарекоа „Серкосовобија“.
Во текстот на новинарката Холи Мекеј се наведува дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака да забележи уште еден надворешнополитички поен што ќе ги охрабри лидерите на Србија и Косово да потпишат мировен договор на церемонија во Белата куќа.
Serkosovobia is my favourite former Yugoslav republic pic.twitter.com/5c8Uq81aYp
— Michael Colborne (@ColborneMichael) January 7, 2019
– Долгогодишниот проблем помеѓу Косово и Серкосовобија од неодамна станаа интензивни, што би можеле да предизвикаат вооружен судир, пишува Мекеј.
Таа во текстот наведува, повикувајќи се на неименуван извор, дека косовскиот претседател Хашим Тачи неодамна патувал во Германија каде што се сретнал со американскиот амбасадор во таа земја, Ричард Гренел за да ја разгледаат можноста Приштина да ги намали царините на стоката која стигнува од Србија, што би довело и до намалување на тензиите.