Разговори за двотретинско мнозинство пред финалната фаза од уставните измени

Од:

Продолжуваат разговорите на Владата со претставниците од опозициската БЕСА за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. На денешниот состанок на работната група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од „Беса”, треба да бидат разгледани детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.

Ова е втора средба со претставници на БЕСА по онаа во петокот на претседателот на опозициската партија, Билал Касами со премиерот Зоран Заев. Единствено лидерите на албанските опозициски партии БЕСА и „Алијанса на Албанците“ поднесоа амандмани на уставните амандмани во предвидениот законски рок, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во измените.

Засега нема информации дали ќе има средба Заев – Села. Претседателот на партијата и пратеник Зијадин Села најави дека денеска во Парламентот ќе има средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во земјава Зоран Јанковиќ, на која се очекува тема да бидат токму Преспанскиот договор и уставните измени.

Премиерот Заев изрази оптимизам дека сепак ќе успее да го обезбеди потребното мнозинство во македонското Собрание пред финалното гласање на уставните измени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа. Сепак, вели, поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.

-Двете опозициски партии од албанскиот блок досега беа конструктивни во однос на процесот на уставни измени. Дел од нивните сугестии се вградени. Сите политички партии силно го поддржуваме процесот на евро и евроатланските интеграции, но со нив ќе разговараме и за оние работи за кои имаат резерви, порача шефот на Владата.

Клучни барања на БЕСА се да се прецизира дека државата не е моноетничка, како што имплицира делот “македонско државјанство“, како и во делот на дијаспората. Од Алијансата бараат албанскиот јазик и неговото писмо да се употребуваат на целата територија на државата, по зборовите „самостојна, суверена“ да се додаде „мултиетничка“, а зборовите „македонскиот народ“ да се заменат со „граѓани“, за да се истакне мултиетничкиот карактер на државата.

Третата и последна фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор започнува утре кога е закажана седница на Собранието на Република Македонија за усвојување на уставните измени. За да помине текстот на амандманите на Уставот предложен од Владата треба да биде поддржан од најмалку две третини од пратениците во законодавниот дом или од 80 пратеници. Потоа топката се префрла во Грција. Премиерот Заев верува во зборот на неговиот грчки колега Ципрас, дека има парламентарно мнозинство за да се ратификува Договорот од Преспа.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски