Лидерите на НСД, Андрија Мандиќ и на ДНП, Милан Кнежевиќ покренаа иницијатива кај српскиот претстедател Александар Вучиќ и кај Милорад Додик да се отвори границата помеѓу Србија, Република Српска и Црна Гора.
Како што се наведува во заедничкото соопштение, ова е неопходно поради „опасните трендови во регионот кои неодамна ги најави косвскиот премиер Рамуш Харадинај, а кои се однесуваат на создавање на антисрпска коалиција која би била составена од Албанија, Црна Гора, Хрватска, Македонија и Косово“.
Се додава дека српскиот претседател го запознале со актулената општествено – политичка ситуација, посебно истакнувајќи го „институционалниот прогон на Србите во Црна Гора“.
Мандиќ и Кнежевиќ изразиле и благодарност затоа што бил усвоен нивниот предлог за отворање на српски конзулат во северниот дел на Црна Гора.