Чешка остро ја осуди нуклеарната проба на Северна Кореја

Од:

Чешката дипломатија, денеска најостро го осуди третото нуклеарно тестирање од страна на Северна Кореја, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Министерството за надворешни работи, нуклеарните проби се сериозна закана за мирот и стабилноста во регионот и се во спротивност со меѓународните обврски и со Резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

– Извршувањето на нуклеарен тест е многу неодговорен и непристоен чин, кој сериозно ја загрозува стабилноста и мирот на Корејскиот Полуостров и во регионот, се вели во соопштението на чешкото Министерство за надворешни работи .

Чешка воедно го повика Пјонгјанг да ги почитува сите резолуции.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница