Заев по стапките на Груевски: Задоцни 30 минути, даваше отчет еден час, без конкретни одговори на прашања

Од:

„Премиере доцните како економскиот раст…“, вака реагираше еден од новинарите откако премиерот Зоран Заев и министерот Драган Тевдоски се појавија на закажаната прес-конференција со задоцнување од половина час.

Премиерот на забелешката премолче, не коментираше, не образложи зошто доцнат, ниту се извини на медиумите.

По примерот на неговиот претходник Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ и Заев држеше прес-конеренција која траеше повеќе од еден час. Излагаше за сработеното по ресори. Даваше отчет за инвестиции, за економски напредок, здравство, социјала, правда, земјоделие. Го повтори она што го зборува цела година со една новина дека со собраните пари од прогресивецот ќе има зголемување на социјална помош.

„Социјалната помош ќе се зголеми за 300%, ќе изнесува 11.700 денари“, рече тој.

Слично како и доскорешниот Премиер Груевски кој 11 години се држеше до оваа ПР-пракса, избегнуваше конкретни одговори на новинарски прашања. Ниту Тевдовски, ниту Заев не одговорија конкретно како ќе ги задржат фирмите од ИТ секторот во Македонија и медицинските работници, кои најавија заминување, токму заради воведувањето на прогресивниот данок.

Рекоа дека само 1% односно, 9.000 граѓани требало да платат повисоки давачи, а во ИТ компаниите просечна плата била 50.000 денари, така што според нив данокот не бил де-стимулативен.

И за амнестираните, новинарите не добија дециден одговор, дали со законот се урива принципот на првана држава. Тој само го повтори ставот, кој го повторува веќе два месеци во медиумите, дека било човечки да се прости, ако сакаме да одиме напред.

„Кога се помиривме со комшиите, зошто да не се помириме и дома. И ЕУ не поддржа во тоа. Да заборавиме и да одиме напред“, рече Заев.

Иако до пред некое време не беше прифатливо менувањето на кривичниот законик за СДСМ, сега тука има промена на став.

Но, Заев вети дека нема да имало мешање на извршна со судска власт.

„Ве уверувам дека внимателно ќе ги носиме одлуките и нема да има мешање во ингеренциите на судството. Нема да има никакво влијание или мешање во работата на СЈО“, рече Заев.

За волја на вистината прецизен беше со очекувањата на НАТО. Вети дека Македонија на почетокот на февруари можела да добие столче во Алијансата и да почнат процесите за прием, а затоа добил охрабрување и од Столтенберг.

„Само ќе го исправам генералниот секретар, не во февруари, јас би кажал зошто да не уште во јануари. Ако во Грција се ратификува договорот навреме и кај нас поминат уставните измени, можеме веднаш да го почнеме процесот“, додаде тој.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска