Намален водостојот на реките

Од:

Водостојот на реките бележи значителен пад, а на езерата е во рамки на просекот за јануари, покажуваат податоците од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Речиси двојно е намален водостојот на Вардар кај Јегуновце, тројно кај Зајчев рид, а намалување има и кај Велес и Демир Капија. Водостојот на Треска кај Македонски Брод изнесува пет сантиметри наспроти месечниот просек што изнесува 39 сантиметри. Помали се и водостоите на Пчиња кај Катлановска бања, на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница клај Штип, Црна река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани.

Според УХМР, за три сантиметри е повисок водостојот на Дојранското Езеро, а на Преспанското и на Охридското Езеро е колку месечниот просек.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска