Флојд Мејведер покажа дека се уште е во одлична форма, иако веќе не се боксува активно. Популарниот „Мани“ набрзина ја среди јапонската кикбокс сензација Теншин Нацукава во пријателски бокс дуел на настанот „Ризин 14“, што се одржа во Токио.
Here's for a little laugh. Happy new year.#MayweatherNasukawa pic.twitter.com/2uzUw3Wjr0
— Fried Pork (@fried_pork) December 31, 2018
Флојд го порази својот противник за помалку од една рунда од вкупно три. Мејведер го започна дуелот поагресивно и една минута по почетокот на мечот го испрати Јапонецот во нокдаун. Нацукава успеа да се исправи, но потоа беше срушен на уште два пати со тешки десни крошеа и штабот на младиот кикбоксер ја прекина средбата 40 секунди пред крајот на првиот дел.
Резултатот од борбата нема да влезе во статистиката на натпреварувачите, но за сметка на тоа Мејведер се пофали дека ќе прибере девет милиони долари за егзибицискиот меч, што значи дека заработил по милион на минута. Флојд сепак ги забрза работите и ги зеде сите пари само по 2:20 секунди.