Пронајдени 5,5 килограми марихуана во домот на битолчанец

Од:

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Е.М.(38 години) од село Будаково, Општина Могила поради постоење основано сомнение дека пријавениот извршил кривично дело „неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 став 1 од Кривичниот закон на Р.Македонија, инфомираат од полицијата.

Од МВР посочуваат дека на 28 декември бил извршен претрес во неговиот дом, и притоа била проанјдена една патничка торба со шест паковки, завиткани во најлонска и селотејп трака со вкупна тежина од околу 5,5 килограми марихуана и пиштол за кој пријавениот не поседувал дозвола. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски

Пијани Србинки се истепале во Охрид

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче