Комплетно реновирани операционите сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ

Од:

Од денеска почнуваат со работа реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ е направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче информираше дека се заменети и надградени сите постојни инсталации, според нови стандарди. Тоа значи безбедни медицински гасови, сигурна електрична инсталација којашто е испитана и за која добивме сертификати и нова водоводна инсталација.

-Имаме и комплетно нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Целосно се регулира и се следи состојбата на сите филтри низ кои поминува и се прочистува воздухот, влажноста на истиот и протокот за да не се појави непријатно струење, потенцираше министерот Филипче.

Во сето ова се вградени нови оперативни столови и нови светла над нив. Набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема.

-Сето тоа споено дава одлични услови за работа за колегите, но и најсовремени стандарди за операција на пациентите, рече министерот Филипче.

Илир Хасани, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, изјави дека обновата на салите е голема инвестиција и најавува дека реконструкциите ќе продолжат додека не се постигнат светски здравствени стандарди.

-Со сите овие чекори покажуваме интенција и залагање за развој на современо и модерно здравство, фокусирано на сите наши пациенти, кои имаат потреба од медицинска помош на ортопедија, посочи д-р Илир.

Целото реновирање чини над 30 милиони денари, најголем дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство