Назначувањето на Оле Гунар Солскјер за менаџер на Манчестер Јунајтед во моментов ги дава потребните резултати и тимот не само што игра многу подобро, туку и постигна три победи со гол разлика од 12:3.
Со овие три успеси, поранешниот напаѓач стана еден од тројцата менаџери во историјата на клубот кој ги освоил првите три натпревари во првенство на чело на „црвените ѓаволи“. Останатите двајца се легендата на Јунајтед – Мет Базби и претходникот на Норвежанецот – Жозе Мурињо. За разлика од нив, сепак, тимот под негово раководствот постигна барем три гола во овие натпревари – нешто што се случува за прв пат.
Солскјер ја зазема функцијата само привремено до крајот на сезоната, но ако продолжи да импресионира со својата работа, ништо чудно младиот стратег да остане трајно на „Олд Трафорд“.