Рускоска: Во завршните зборови за „27 април“ нема да има никакви промени во обвинението

Од:

Шефицата на Одделот за организиран криминал при Јавното обвинителство, Вилма Рускоска, за „А1он“ вели дека по амнестијата, во завршните зборови за „крвавиот четврток“ нема да има никаква преквалификација, допрецизирање или било какви промени на обвинението за случувањата во Собранието од 27 април минатата година. Останатите обвинети кои не се опфатени со амнестијата, како и досега, ќе се гонат по член 313, „Тероризам“ од Кривичниот законик.

-Обвинението си останува исто, Законот за амнестија не го опфаќа членот 313 „Тероризам“, оние кои не се амнестирани остануваат на обвинителна клупа, вели Рускоска.

Амнестија за „крвавиот четврток“ побараа 29 обвинети, а позитивна одлука од судот по прибавено мислење од Обвинителството добија вкупно 15 обвинети. Први кои беа експресно ослободени од кривичен прогон за „27 април“ се пратениците кои ги отворија собраниските врати при упадот Крсто Мукоски и Сашо Василевски , потоа Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски.

Заедно со пратениците амнестија добија и обвинетите членови на кабинетот на собранискиот претседател, Елена Доцевска – Божиновска и Иван Цветановски како и Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеноски, Митре Питроповски и Илија Славевски.

Во текот на вчерашниот ден амнестирани беа и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски. За време на покрај овие тројца како предводник беше посочен и оперскиот пејач Игор Дурловски кој не поднесе барање за амнестија поради што останува на обвинителната клупа. Дурловски изјави дека не сака политичка амнестија туку преку праведен судски процес вистината да излезе на виделина.

Рочиштето за завршните зборови за „крвавиот четврток“ на кое ќе се обратат обвинителството и обвинетите е закажано за 15 јануари идната година по што следува пресуда.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“