Кривична против поранешниот градоначалник на општина Карбинци

Од:

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против З.М.(39) од село Таринци, Карбинци, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Во периодот од април до мај минатата година, пријавениот, како градоначалник на општина Карбинци, во повеќе наврати, од фирма од Штип, извршил набавка на варовничко андензитски дробен камен, без да спроведе постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.

Со тоа овозможил наведеното правно лице да се стекна со противправна имотна корист од 74.340 денари на штета на буџетот на општина Карбинци.

Би можело да ве интересира

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот