Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Од:

77-годишен маж загина вчера во несреќа во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола што ја сечел 73-годишен жител на Радовиш.

Несреќата се случила околу 10:30 часот на нива во атарот на селото. Според пријавеното во полицијата, Т.Б. (73) со моторна пила сечел топола, а Н.Т. (77), кој заедно со него дошол на нивата, бил погоден од гранка откако дрвото паднало.

Од здобиените повреди Н.Т. починал на местото. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Радовиш.

Полицијата го лишила од слобода 73-годишниот Т.Б. околу 12:30 часот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица – ОВР Радовиш, а случајот дополнително се расчистува.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа