Едно лице почина во пожарот на улица „Јордан Мијалков“

Од:

Едно лице почина во пожарот во објектот зад трговскиот центар „Рамстор“ на улицата „Јордан Мијалков“, потврдија од Министерството за здравство за „Макфакс“. Од брзата помош јавиле дека најверојатно помладо машко лице било мртво извлечено од огнот.

Починатото лице е маж кој во моментов кога избил пожарот бил во продавницата за гуми, но и покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа. Според информациите, повредено е уште едно лице.

Пожарот на улицата „Јордан Мијалков“ изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он