Со 79 гласа „За“ изгласан Законот за медиуми

Од:

Пратениците од власта и опозицијата денес го изгласаа Законот за медиуми. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска рече дека ова законско решение нема да ги отстрани сите аномалии, но е отскочна даска за реформите.

Таа најави дека ќе поднесат предлог за измени и дополнувања на законот.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски рече дека се отворени за дијалог, нема да има проблем со функционирањето, но ќе се носат подзаконските акти заедно.

– Не може сите да се задоволни има бројни компромиси, но е шанса за почеток, рече Манчевски.

Во рок од 30 дена треба да се распише оглас за избор на членови на совет на МРТ и Агенција за медиуми, но поради претседателските избори, тие ќе се изберат кон средина на годината.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции