37 мислења за барањата за амнестија денеска ќе бидат испратени до кривичниот суд во Скопје, потврдија од скопското обвинителство за „Макфакс“. По вчерашниот колегиум во Основното јавно обвинителство, Скопје, се очекува мислењата во текот на денот да бидат експедирани до кривичниот суд во Скопје. Станува збор за предмети кои му претходеа на судењето за настаните од 27 април во кое се обвинети 33 лица и за кои има пресуди.
Во судот за крвавиот четврток беа досудени условни казни за учество во толпа. Основниот суд Скопје 1 изрече уште неколку пресуди за упад и насилничко однесување во Собранието, а во овие предмети влегува и пресудата за обидот за убиство на Зијадин Села.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски и уште 7 други обвинети вчера добија аменстија од судот. Во текот на денот се очекуваат нови одлуки.
Васко Маглешов