Санкционирани 11 пијани возачи и 27 кои возеле побрзо од дозволеното

Од:

Едeн сопатник се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица се полесни повредени во четири сообраќајни незгоди од вкупно 14 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според СВР Скопје, полицијата санкционирала 27 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 11 кои возеле под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица почетници.

Од сообраќај се исклучени и пет нерегистрирани возила. Полицијата издала и 83 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 64 возила.

Санкционирани се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет за неправилно престигнување, четворица возачи кои немале зимска опрема во возилата и седум кои користеле мобилен телефон додека возеле.

Би можело да ве интересира

Танчерки од Русија, Бугарија и Србија нелегално работеле во ноќен клуб во Охрид

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор