Вечерва кавадарчани масовно излегоа на улица и кажаа стоп на диктатурата.
„Колона од возила со свирежи грмеше низ Кавадарци, ечеше гласот на обичниот човек, течеше река над која се вееше македонското знаме под закрилата на синиот социјалдемократски отпор против оваа ненародна власт. Улиците беа блокирани, граѓаните го побараа своето, ја побараа слободата, демократијата и својата држава“, велат од СДСМ Кавадарци.
Кавадарчани ја побараа својата иднина и иднината на своите најмили. Протестираа, велат, против режимот, против самоволието и злоупотребената доверба на граѓаните од страна на власта, протестираа против злоупотребата на институцииите и криминално-мафијашката структура која како рак рана се прошири во секоја пора од општественото живеење.
Кавадарчан се јасни, веќе е се уморни од пропаганди, од споменици, уморни од владини реклами, кавадарчани се уморни од лажни списоци за вработување во фабрики кои наводно ќе почнеле да се градат после изборите, уморни од лажни инвестиции.
„Поголема манипулација не се памти во историјата на независна Р.Македонија, поголема навреда на интелегенцијата и страшна гебелсова пропаганда не била спроведена во државава. Сведоци сме на конечниот крах на правниот систем кој изгуби секаков смисол и е во целосна функција на фамилијата. Нашите пратеници, нашите народни избраници во домот на демократијата беа тепани и влечени по под. Нашиот глас беше згазен.
– Тоталитаризам ни се случува пред очи. Уцени, закани, притисоци. Изгубени вредности и потиштеност. Безперспективност, целосна медиумска контрола и отсуство на било каква критичка мисла. Дојде време кога треба да покажаме од каде доаѓа власта и кој ја одзема власта. Граѓаните на општина Кавадарци влегоа во битка од која нема повлекување.
– Сите заедно, сплотени, единствени, со срца кои подеднакво силно чукаат за Кавадарци, можеме и ќе им покажеме дека умееме, ќе разберат дека готово е, дека доаѓа нова генерација со нови интелектуални кадри кои со помош на искусните, докажани афторитети ќе го изградат Кавадарци како што му доликува, по сите европски стандарди, перспективен град каде секој ќе има можност за успех, каде партиските книшки повеќе нема да имаат значење, каде квалитетот и способноста ќе бидат релевантни за сечие деби, за сечиј успех во било која сфера.
– Нашите предци се бореле за нашата иднина, имаме должност кон нив и кон идните генерации да ја сочуваме нашата држава, да го сочуваме ова свето парче земја кое некој сака да го уништи.Конечно е време за промени. За Кавадарци, за Македонија“, порачуваат од СДСМ Кавадарци.