Димовски реагира што многу закони се носат по скратена постапка

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски реагира што повеќе од десет закони денеска се предлагаат да се носат по скратена постапка.

Тој рече дека ни еден пратеник немал време да ги прочита сите закони, па дури ни Тунтев кој крена два прста дека тој ги прочитал. Димовски рече дека очекува пратениците да речат дека и порано во време на ВМРО-ДПМНЕ се носеле вака закони, но како што рече не било добро да се практикува тоа што се критикува.

„Да се тргнат барем четири точки од дневниот ред кои се предлагаат по скратена постапка од приниципиелни причини“, побара Димовски, но неговите предлози беа отфрлени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски