На 15-ти јануари завршни зборови за 27 април

Од:

Судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за „крвавиот четврток“ изјави дека завршните зборови на обвинителството и обвинетите во случајот ќе бидат изнесени на 15-та јануари идната година.

Со изведување на дополнителните докази на обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров и Игор Југ и официјално заврши доказната постапка за „крвавиот четврток“.

„Завршните зборови требаше да се одржат на 9-ти јануари но со оглед на тоа дека имаме ситуација каква што имаме околу решенијата за амнестија, завршните зборови ќе се одржат на 15-ти јануари“, рече судијката Кацарска.

Вчеравечер заврши 5-дневниот рок за поднесување на барање за амнестија. До судот се стигнати вкупно 64 барања по кои засега се уште не е познато кој ќе одлучува.

Од обвинетите за 27 април, пет лица не поднесоа барања за амнестија, Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ.

По добиените барања за амнестија судот треба да прибави мислење од Јавното обвинителство за истите, по што ќе започне нов 5-дневен рок, во кој судот треба да одлучи по барањата.

По одлуката на судот обвинетите ќе имаат рок од три дена за жалба на решението од судот.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Обвинети се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески