Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков не поднел барање за амнестија, информираше утрово неговиот адвокат, Сашко Дукоски пред почетокот денешното на рочиште за „крвавиот четврток“.
Дукоски истакна дека Чавков сакал својата невиност да ја докаже пред судот. Според адвокатот, Законот за амнестија е донесен и составен наменски за одредени луѓе кои се обвинети во случајот.
Дукоски смета дека судијката Кацарска е во право кога вели дека не треба таа да одлучува по барањата за амнестија туку Кривичен совет.
На вчерашниот брифинг претседателот на Кривичен, Иван Џолев, пак рече дека по барањата треба да одлучува Судечкиот совет кој го води случајот на чело со судијката Добрила Кацарска
Вчеравечер истече 5-дневниот рок за поднесување барања за амнестија. До ќ Кривичен вкупно испратени се 64 барања за амнестија.
Виктор Јованов